Со помош на овие мали утрински навики секогаш ќе се будите без проблеми

Мали промени носат големи резултати

Утринските навики во голема мера влијаат на тоа колку време ќе ви биде потребно да дојдете при себе и да го наполните вашето тело со енергија за сето она што ве чека во денот.

Вклучете ја светлината

Наместо да лежите во темнината наутро, кренете ги ролетните, отворете ги завесите и оставете ја дневната светлина да ве разбуди.

Истуширајте се со студена вода

Истражувачите откриле дека студениот туш веднаш ве буди и го намалува нивото на замор. Веројатно ќе сакате да го завршите студениот туш што е можно поскоро, така ќе трошите помалку вода, што е уште еден плус.

Хидрирајте се

Во текот на ноќта се потиме па телото наутро може да биде дехидрирано. Ова може да има негативен ефект врз концентрацијата, затоа е најдобро да пиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите. Ако не ви се допаѓа вкусот на обична вода, можете да додадете парче лимон во неа.

Јадете здрав појадок

За да не јадете во текот на целиот ден, важно е да имате здрав и балансиран појадок. Тој ќе ве разбуди и ќе го подигне нивото на енергија.

Пијте сок од портокал

Агрумите како портокали содржат флавоноиди кои според една студија ја зголемуваат будноста и когнитивната функција.

Бидете активни

Многу студии имаат ист заклучок: физичката активност ќе ја забрза циркулацијата на крвта во организмот, што ќе му овозможи на мозокот повеќе кислород и ќе ја подобри когнитивната функција. Трчајте, практикувајте јога, танцувајте со децата.

Слушајте музика

Музиката го подигнува нивото на допамин, хормон што нè прави да се чувствуваме добро. Време е да ја пополните вашата листа со нови хитови и да го започнете денот.

Прочитајте и: Дали имате чудни соништа? Постојат неколку причини зошто, но исто така и начини како да ги контролирате вашите соништа

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.