Славиме Петровден: На овој ден лесно се открива кој ќе биде здрав, а кој ќе се разболи!

Православен празник

Задолжително постете, бидејќи оваа година Петровден се паѓа во петок

На 12 јули се обележува Петровден, празник посветен на светите апостоли Петар и Павле.

На Петровденската слава завршува Петровскиот пост и почнува  причестувањето на верниците кои ги почитувале правилата поставени од канонот на црквата, но и на овој ден се пости, бидејќи и годинава се падна во петок.

Овој празник е помен на страдањето на светите апостоли Петар и Павле, кое се случило во Рим, 67 година од новата ера.

Петар бил роден на Витсаид, на брегот на Галилејското езеро и бил еден од 12-те апостоли и неразделен пријател и следбеник на Христос.

По вознесувањето на Христос, ја проповедал верата во Палестина, Сирија, Мала Азија и Рим.

Павле, кој пред крштевката се викал Савле, бил роден во Тарс. Бил многу образован и имал статус на граѓанин на Рим. Павле не спаѓал во групата на првите 12 апостоли, туку во 70-те други апостоли.

Павле бил уапсен во Рим и бил фрлен во темница. Бил погубен заедно со Петар. На Павле му била отсечена главата, а Петар бил распнат на крст наопаку. На иконата, овие два светци се претставуваат заедно. Петар држи клучеви во рака, а Павле меч.

Обичаи за Петровден

Пред Петровден најстариот во семејството бере по еден цвет петровец за секого од домашните. Така собрани, ги всадува во земја каде што никој нема да ги види, ни допира. Утредента рано, кога никој не гледа, оди да ги погледне цветовите. Кому од домашните цветот му стои право – тој ќе биде здрав, ако цветот е свиткан – ќе биде болежлив, а ако цветот овенал – ќе умре.

На овој празник не се оди во поле и не се почнуваат тешки земјоделски работи, особено не се впрегнуваат коњи во кола.

Постои верување дека на овој ден свети Петар им дели јаболка на децата на оној свет. Од таа причина се развил обичај дека пред Петровден не треба да се јадат јаболка. Во минатото, многу мајки што ги изгубиле децата се воздржувале од јадење јаболка пред Петровден, од страв дека поради тоа на овој празник нивното дете на оној свет нема да добие јаболко.

Уште едно верување исто така ги поврзува јаболката и Петровден. Оние што на овој празник се гаѓаат со јаболка или ги удираат едни од други, предизвикуваат град и временски непогоди. Сортата рани јаболка што дозреваат околу овој празник се викаат „петровци“ и од нив се прави петровденски колач со јаболка.

Палењето голем оган, сушењето кори на диви цреши или брези, е стар обичај за да се обезбеди добро здравје на стоката и благосостојба во домот.

Се верува дека свети Петар ги држи клучевите од рајот и дека поставил ковач на месечината за да ги ископира и да ги сочува за луѓето.

Што не се прави на денешен ден?

На Петровден ништо не се работи во поле, не смее да се сечат јаболка со нож ниту да се удираат едни од други, бидејќи во спротивно ќе падне крупен град и ќе ги уништи посевите.

Во некои села, на Петровден наутро им се разнесуваат јаболка на најблиските соседи за душа на умрените, а некаде се носат јаболка во црква на осветување.

ФОТО: Wikipedia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.