Славиме Митровден: Денес не смеете да го прекршите овој обичај!

Голем христијански празник!

Денот на Светиот великомаченик Димитриј

На 8 ноември се слави денот на Светиот великомаченик Димитриј, кај народот познат како Митровден. Празникот е посветен на античкиот командант на Солун, кој страдал поради тоа што го ширел христијанството.

Митровден секогаш се слави на истиот датум и традиционално го означувал почетокот на студеното време.

Свети Димитриј бил роден во Солун во третиот век од нашата ера, за време на владеењето на на царот Максимилијан. Ги игнорирал царските наредби да ги прогони христијаните и јавно го проповедал христијанството.

Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фрлат во темница каде што бил мачен и погубен. Солунските христијани тајно го погребале. На местото на неговиот гроб подоцна била изградена црква, а Димитриј бил прогласен за заштитник на градот Солун.

Според народните верувања, на Митровден секој треба да биде дома, бидејќи тој што нема да биде во својот дом, цела година ќе преноќева во туѓи куќи. Ова се смета за еден од најважни митровденски обичаи.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време