Скриен „вампир“ во домот: Троши електрична енергија дури и додека спиете

Доколку полначот остане приклучен во штекерот и кога не се користи, тој сепак троши мала количина електрична енергија. Освен нив, и други уреди можат незабележливо да ви ја зголемат сметката за струја.

Дел од потрошената енергија оди за одржување на внатрешните системи, а остатокот се губи во вид на топлина. Иако потрошувачката на еден полнач изгледа речиси безначајна, ако се земат предвид повеќе уреди во едно домаќинство и подолг временски период, загубата на електрична енергија може да стане мошне забележлива.

Не трошат струја само полначите – и многу домашни апарати, како телевизорите, продолжуваат да користат енергија и кога се исклучени, но оставени во режим на „стендбај“.

Кога сè ќе се собере на годишно ниво, сметката може да покаже неколку дополнителни киловат-часови. Добрата вест е дека современите полначи имаат вградени системи што ги намалуваат овие загуби. Благодарение на „паметните“ технологии за контрола на потрошувачката, тие остануваат во некој вид „спиење“ и се активираат само кога уредот ќе побара енергија.

Но полначите не се само потрошувачи на струја – тие со текот на времето страдаат од постојаниот проток на електрична енергија, особено при краткотрајни скокови на напонот. Ваквите осцилации повремено се јавуваат и можат да остават последици врз електрониката.

Доколку полначот постојано стои во штекерот, изложен е на сите овие пореметувања, што го забрзува неговото стареење. Кај квалитетните и поновите модели ова не е голем проблем бидејќи се подобро заштитени, но кај евтините и непроверени верзии постои ризик – тие често немаат соодветна заштита и во екстремни случаи можат дури и да предизвикаат пожар.

Иако современите полначи најчесто се безбедни и во мирување користат минимална струја, добро е одвреме-навреме да ги исклучите од ѕидот. Ако забележите дека се прегреваат, зујат или имаат видливи оштетувања, најдобро е веднаш да ги замените.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе