Сите ја правите оваа грешка кога готвите домашна пилешка супа: Еве зошто ви преврива!

Совет за домаќинки

Прочитајте што никако не смеете да правите кога готвите пилешка супа

Пилешката супа на многумина им е едно од омилените јадења, а освен што грее за време на ладните денови, многу е здрава и вкусна.

За да ја зајакнете нејзината лековита моќ, сварете домашна пилешка супа наместо од оние во кесичка. Но кога домаќинките готват пилешка супа, многу од нив прават големи грешки, поради што добиваат превриена, жилава и сува супа.

Зошто треба најпрво да го исечкате пилешкото пред да завршите со готвење?

На батаците им треба повеќе време да се сварат одошто на белото месо. Кога варите цело пиле за супа, често се случува истото: продолжувате да го варите додека батаците бидат готови, но дотогаш белото месо се пресушило.

  • Трикот е во тоа да го извадите пилешкото пред супата да биде готова.
Совети од професионални готвачи
  • Извадете го пилешкото од лонецот откако белото месо ќе достигна 155 степени Целзиусови на термометар за месо.
  • Исечкајте го пилето, оставете го белото месо на страна, а остатокот од месото (батаците, крилцата) вратете ги во лонецот.
  • Кога батаците ќе се сварат, извадете ги сите делови од пилето, а потоа изгмечете дел од месото (од градите и батаците) и вратете го месото во лонец неколку минути.
  • Додајте резанки, ориз или други додатоци, па зачинете по желба.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.