Што треба да имате во домашната аптека

Алтернативни начини на лекување

Некои средства на алтернативната медицина се покажаа исклучително делотворни за укажување прва помош и затоа би требало да имаат свое место во вашиот дом.

МОДРИНКИ Крем со екстракт на арника е есенцијално средство за третирање модринки, особено ако имате деца. Ова хомеопатско средство навистина го забрзува повлекувањето на подливите.

ГРЕБАНИЦИ, ИСЕЧЕНИЦИ И ИНФЕКЦИИ Како природен антисептик, маслото од чајно дрво докажано спречува појава или го забрзува лекувањето на многу инфекции. Особено е ефикасно во третман на отворени рани, акни, габични заболувања, како спротско стапало.

НЕРАСПОЛОЖЕНИЕ И ДЕПРЕСИВНОСТ Одамна е утврдено дека кантарионот еднакво ефикасно дејствува кај поблагите форми на депресија и анксиозност, како и некои антидепресиви.

ПМС Во најновите клинички испитувања е утврдено дека екстрактите од пчелин полен ги редуцираат типичните симптоми на ПМС дури за 50%.

СТРЕС Екстрактот од златен корен (Rhodiola rocea) го стимулира нервниот систем и може да елиминира стрес и слабост, ако се земе во форма на суплемент.

НАСТИНКА Ехинацејата докажано го зајакнува имуниот систем и го скратува текот на болеста, особено на настинките.

Извор: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.