Што да правите кога другите ќе ви се „качат на глава“: Евреите го решавале овој проблем со една реченица

Дознајте!

Евреите важат за исклучително мудри луѓе, а нивниот начин на решавање разни проблеми одлично функционира

Ви откриваме како Евреите излегуваат на крај со напорните луѓе:

„Ако не сакате луѓето да ви се качат на глава – немојте да се поклонувате прениско“, гласи старата еврејска поговорка.

Што значи тоа?

Ниту една крајност не може да ви донесе ништо добро во животот

Неопходно е да поставите граница и да ги почитувате туѓите граници. Погрижете се за тоа вашите права да бидат испочитувани, но без да ги повредите правата на другите луѓе.

Многумина ја сметаат љубезноста за слабост

Тоа што вие им го посакувате најдоброто на другите, може да остави поинаков впечаток кај некои луѓе. На пример, многумина ги сметаат љубезните луѓе за слаби и мислат дека се подложни на манипулација. Што да правите во тој случај? Бидете љубезни само кон оние што се љубезни со вас.

Ако сте премногу понизни, премногу достапни, премногу услужливи, луѓето ќе го протолкуваат тоа вака:
  • Покажувате ниска самопочит
  • Се препуштате на милоста и на немилоста на другите, заборавајќи на своите желби
  • Одбивате да се борите за себе, иако вашите права се прекршени
  • Секогаш ќе бидете трпеливи и тивки, дури и кога другите ве навредуваат

Дали навистина сакате луѓето да ве гледаат вака?

Корисно е одвреме-навреме да покажете заби, само како превенција. Јасно одредете ги границите, јасно дајте до знаење дека ќе се побуните ако некој ги повреди вашите права.

Запомнете: Ако се почитувате себеси, и другите ќе ве почитуваат. Никој што се почитува себеси нема да дозволи некој друг да му се „качи на глава“.

Еве како да дознаете дали си имате работа со подла личност: Еврејска мудрост!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.