Седумте смртни гревови од аголот на психолозите: Ако го направите ова, никој нема да може да ви помогне!

Вистински совет

Еве како да се ослободите од смртните гревови

Во христијанството постојат 7 главни, смртни гревови – главните пороци на човекот. Тоа се:

  • гордост
  • алчност
  • завист
  • гнев
  • дрчност
  • сладострастие
  • мрзливост

Еве како психолозите гледаат на овие смртни гревови:

1. ГОРДОСТ – тоа е кога луѓето се гордеат на своите квалитети во однос на други луѓе. Се гордеат бидејќи припаѓаат на одредена раса, класа, националност, група и слично. Во суштина, се сметаме за подобри во споредба со другите и со самото тоа мислиме дека заслужуваме почит, одобрување, прифаќање и љубов. Другите се помалку вредни од нас.

Коренот на овој порок е во недостигот на безусловна љубов во детството. Ако родителите на овој човек во неговото најрано детство биле ладни, строги, крути – настанува личност која се оградува со гордост.

Недостигот на родителско безусловно прифаќање создава внатрешна празнина, вакуум што личноста го исполнува со опипливи достигнувања (одличен спортист, одличен студент, напредок во кариерата и слично) или со замислени (припадност на одредена група, земја, нација, род и слично).

Човекот го надоместува недостигот на љубов со љубов кон самиот себеси – со гордост. Се сака себеси. Ако го прашате кому му треба заслуга, љубов, внимание, прв ќе се јави – нему!

2. АЛЧНОСТ – Основата на овој порок е незадоволената потреба за сигурност. Ако детето доживеало траума на ускратеност, ако не се чувствувало заштитено, тогаш како возрасен човек ќе почне да биде алчно или себично.

Алчноста може да се подели на желба да се добие повеќе одошто ни треба и неспремност да го споделиме она што го имаме. Коренот на овој порок е несигурноста.

3. ЗАВИСТ – Зависта е чувство со повеќе елементи: лутина поради фактот што другите го имаат она што јас го немам, желба да имаме, страдање поради фактот што немаме, страв дека нема да го добиеме она што го сакаме. Тоа „нешто“ што го сакаме може да биде било што: предмет, посебен став, способност, општествен статус, припадност и слично.

Објектот на зависта не е важен, тоа е нешто што го разликува сопственикот на предметот од завист. Ние можеме да ја сакаме личноста која го има тоа што ние го сакаме.

Зависта се јавува поради празнината настаната од недостиг на безусловна љубов и прифаќање. Таа е спротивна страна на гордоста.

4. ГНЕВ – Гневот е емоција што човекот ја доживува во недостиг на задоволување на своите потреба. Гневот е импулс за акција – задоволување на потребите.

5. СЛАДОСТРАСТИЕ – или сексуален промискуитет. Коренот на овој порок е истата онаа празнина што се јавува поради недостиг на љубов, искреност, топлина. Здраво сексуално однесување е кога сексот ќе стане манифестација на љубов.

Човекот е како сад кој до триесеттата година се полни со љубовта на родителите, потоа на љубовникот или партнерот. Ако родителите не го исполниле тој сад со љубов, личноста почнува да се однесува промискуитетно, барајќи љубов на погрешни места.

6. ДРЧНОСТ – Лакомоста настанува кога внатрешната празнина ја пополнуваме со храна.

7. МРЗЕЛИВОСТ – Разочарувањето, тагата е сигнал кој настанува кога човекот не го постигнува она што го сакала. Мрзеливоста е само механизам за заштеда на енергија.

Таканаречените „смртни гревови“ се само реакција на празнината во нас – тоа се сигнали дека мора да промените нешто.

За да се ослободите од овие смртни гревови, треба да погледнете длабоко во себе, да го најдете коренот на проблемите. Кога ќе го најдете коренот на проблемите, сѐ ќе биде полесно, тој лесно се решава. Нашите емоции се создадени за да ни бидат компас, да знаеме каде да тргнеме.

Секој мора да го прочита ова: 7 лекции од познати психолози кои ќе ви го променат животот од корен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.