Сè што треба да знаете за бојосувањето јајца на Велики петок: Какви НЕ треба да купувате и колку треба да ги варите за да не испукаат?

Внимавајте!

Купувајте чисти и неоштетени јајца и задолжително пред варењето измијте ги со млака вода

Наскоро ќе го прославиме најголемиот христијански празник Велигден, а само два дена претходно ќе уживаме во омилениот обичај – бојосувањето јајца.

Покрај на естетиката, важно е да внимаваме и на здравјето. Со оглед на тоа што велигденските јајца стојат долго време – прво чекаат од петок до недела, а потоа стојат на маса додека се изедат (сигурно барем 2-3 дена), ви пренесуваме неколку совети поврзани со нив…

  • Купувајте чисти и неоштетени јајца
  • Не купувајте јајца со оштетени лушпи или јајца кои се видно неисчистени од остатоците и пердувите
  • При варењето на јајцата, најдобро е да ги варите 12 минути од моментот на вриење
  • Ако не ги бојосувате јајцата природно, односно со помош на намирници со јаки бои, кога ќе купувате бои во кесички, одбирајте ги оние што се означени како прехранбени бои
  • Живите јајца се потенцијален извор на салмонела, па се советува пред варењето и украсувањето да ги измиете со млака вода
  • Бојосајте онолку јајца колку што сте сигурни дека ќе изедете, бидејќи голем грев е да се фрла храна, особено велигденски јајца
  • Јајцата што се бојосани, неизлупени и без оштетена лушпа, а стојат неколку часа на собна температура или неколку пати се вадени од фрижидер, би требало да ги изедете во рок од еден до два дена.
Најважните обичаи на Велики петок: Сите верници треба да го направат ова денес!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.