САМОСОЧУВСТВО: За што точно станува збор?

Ве инспирираме

Според истражувањата, 78 отсто од луѓето повеќе сочувствуваат со другите луѓе одошто со самите себе. Се чини дека ни недостига самосочувство во овие модерни времиња.

Но за што точно станува збор?

Тоа значи развивање чувствителност кон сопствените проблеми и покажување нежност кон себе. Како да го постигнете тоа?

Прво, кога ќе забележите дека сте престроги кон себе, замислете си ја ситуацијата што ви предизвикува стрес и кажете си:

Ова е момент на страдање“.

Прифатете ја непријатноста. Потоа кажете си:

Не си сам/а“, за да се поврзете со личност што е во слична ситуација.

На крајот, кажете си:

Ќе бидам понежен/понежна кон себе. Ќе си го дадам тоа што ми е потребно“.

Секогаш кога имате проблем, запрашајте се што ви треба за да се чувствувате подобро, физички и психички.

Сакајте ги другите, но не заборавајте да се сакате и себеси!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.