Застоениот мирис во замрзнувачот ќе исчезне ако во него ставите 100 г сода бикарбона
Содата бикарбона е главниот трик што го користат многу домаќинки. Со неа може совршено да се исчисти целата куќа, обувките, да се среди градината и да се користи во кулинарството.
Отворениот сад со сода бикарбона може да послужи како едноставен трик за отстранување на непријатните мириси од замрзнувачот. Како што наведува американскиот портал „Марта Стјуарт“, содата не ги прикрива мирисите, туку помага да се неутрализираат соединенијата што ги предизвикуваат.
Сѐ што треба да направите е да ставите една мала кутија со 100 г сода бикарбона во аголот на замрзнувачот, и таа ќе ги „повлече“ сите непријатни мириси.
Истото тоа направете го и со фрижидерот.
За да се задржи ефикасноста, менувајте секој еден до два месеца.
Сепак, содата бикарбона не е замена за редовното чистење на замрзнувачот, туку само практичен и евтин начин да не се задржуваат непријатните мириси подолго време.