Доколку сте одбрале обувки што ви се допаѓаат, но не ви се најудобни, не грижете се – и тоа може да се реши
Долго сте „меркале“ некои обувки и конечно сте ги купиле, но не можете да ги носите, бидејќи ве стегаат. Нови се, неразгазени, но вие сакате веднаш да чекорите во нив на улица и самоуверено да му ги покажете на светот. Не грижете се – и тоа е возможно, само ако се сетите на овој едноставен трик. Ќе ви требаат само неколку минути и две работи што сигурно ги имате дома.
Ќе ви биде смешно, но навистина функционира
Еден пар дебели чорапи или неколку пара потенки чорапи и фен за коса е сè што ви треба за да ги средите вашите болни, прекрасни обувки.
Обујте ги чорапите, па обувките, а потоа со топлиот воздух од фенот загрејте го делот што ве стега. Истовремено, истегнувајте ги стапалата за да се прошири тој тесен дел под притисокот на топлиот воздух.
Важен совет: не ги собувајте обувките додека се оладат.
Потоа, соблечете ги чорапите и погледнете дали сега ви се поудобни. Доколку сè уште ви се тесни некаде, повторете ја постапката.
Ако станува збор за кожени чевли, на крајот премачкајте ги и со крем.
ФОТО: Syd Wachs / Unsplash