Првото нешто што секоја паметна жена го прави кога ќе дојде од работа: Не е ни чистење ни готвење!

Дами, задолжително прочитајте!

Не грижете се, домашните обврски никаде нема да побегнат

Животот на повеќето луѓе денес е забрзан, полн со обврски, брзање, желба да се постигне се’ и да се биде успешен во тоа.

Почнува рано наутро, со гласното ѕвонење на алармот што не’ буди од најубавиот сон, продолжува со работа и со останатите домашни и други обврски. А кога ќе се одмориме и во тишина ќе размислуваме и уживаме во нашите големи или мали успеси?

Кај жената овој проблем е два пати, ако не и повеќепати поголем. Жените се тие што најчесто се грижат за децата, домот, а ги чека и работа. Како да го решиме овој проблем и да се опуштиме малку?

Погледнете ги работите од вистинска перспектива

Мора да одиме на работа, но тоа не значи дека постојано мора да се чувствуваме како да одиме на мачење. Утринскиот сообраќаен метеж нема да исчезне само затоа што вие се нервирате. Пуштете музика и опуштете се. Ако користите јавен превоз, читајте книга.

На работа направете го тоа што се очекува од вас. Не се жалете. Жалењето одзема многу повеќе енергија одошто сме свесни. Кога ќе се вратите дома, оставете ја работата зад вратата од канцеларијата и мислете на она што ве чека во вториот дел од денот.

Првото нешто што жената мора да го направи кога ќе си дојде од работа

Точно знаеме на што помисливте. Дома ве чека правење ручек, миење садови, пеглање алишта, чистење со правосмукалка, деца што постојано го бараат вашето внимание или ве чекаат со нивните домашни задачи.

Не, тоа не е првото нешто што треба да го направите кога ќе си дојдете од работа. Прво треба да си посветите себеси малку време. Само себеси. Во мир. Во тишина. Со топло кафе во рака. Гледајте во празно. Затворете очи. Пивнете од вашата омилена напивка. Сетете се на убавите спомени. Направете некој убав план за иднината. Можеби некој излет, зимување или летување. Повторно пивнете голтка добро домашно кафе. Нека неговата густа пена и опоен мирис ви ги обземат сите сетила.

Не станувајте од аголот во којшто удобно сте се сместиле се’ додека на дното од шолјата не видите талог. Украдете го ова време за себе.

По овој мал ритуал што треба да ви биде секојдневна навика, веднаш ќе се чувствувате подобро, поенергично, подготвено да ги завршите сите обврски што ве чекаат, подготвени да им се посветите на децата, па дури и за утрешниот работен ден, кој ќе ви помине за миг кога ќе се сетите какви моменти на уживање ве чекаат дома.

Уште денес на патот до дома ќе имате нова, неодложна обврска – да поминете до првата продавница и да си купите свежо мелено кафе. Првото што ќе го направите кога дојдете дома нека биде правењето кафе и вистинскиот психички и физички одмор.

Секој ден украдете малку време за да и’ угодите на вашата душа и во мир да уживате во кафето. Тоа е единствената кражба што се простува. А садовите нема да се лутат. И онака ве чекаат таму каде што сте ги оставиле.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.