Пробајте…. ментален фитнес!

Еве за што станува збор...

Третирајте го вашиот ум како мускул и тој секогаш ќе остане силен!

Здравиот и истрениран мозок не игра улога само во решавањето крстозбори и играњето игри, тој е важен и за водење физички ангажиран и активен начин на живот.

Постојат неколку начини на кои можете да ги зајакнете мозочните функции:

1. Поставувајте си предизвици. Најдобрите активности за стимулација на мозокот се оние што ви се нови и ќе ви треба малку повеќе труд за да ги разберете и совладате, како учење странски јазик, свирење инструмент, играње шах…

2. Медитирајте. Јогата и медитацијата го намалуваат стресот и го подобруваат помнењето.

3. Вежбајте го и телото. Физичката активност ќе ве расположи и ќе ве одржува ментално агилни. Вежбањето го подобрува кардиоваскуларното здравје, а она што е добро за срцето, добро е и за главата!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.