Привлекуваат беда и несреќа: Никогаш не ги чувајте овие работи под кревет!

Воспоставете добар проток на енергија

Веднаш најдете им друго место на овие предмети

Заговорниците на фенг шуи веруваат дека се’ што постои носи одредена енергија. Местото на кои ги ставате предметите исто така може да внесе позитивна или негативна атмосфера во домот.

Секој предмет има одредено место каде што треба да се наоѓа, а на некои предмети воопшто не им е местото во домот.

Доколку ги складирате овие работи под кревет, веднаш би требало да го смените тоа. Некои предмети со себе носат негативна енергија, а тоа влијае врз нас додека спиеме. Многу време поминуваме во кревет, па затоа не ви требаат никакви лоши вибрации во негова близина.

Работи што будат лоши спомени

Ако ве потсетуваат на лоши работи, постојано ќе создаваат лоша енергија во вашиот дом.

Подароци и фотографии од поранешни партнери или пријатели

Овие предмети постојано не’ тераат да размислуваме за минатото и работите што би требало да ги преболиме. Па така, ако сакате да се ослободите од духовите од минатото, ослободете се од непотребни подароци.

Износена, валкана гардероба и обувки

На многумина им е тешко да се збогуваат од старите работи, па им наоѓаат место каде што стојат долго. Доколку се премислувате и не сакате да се ослободите од старите работи, чувајте ги на некое друго место, но никако под кревет, бидејќи привлекуваат сиромаштија.

Исушени растенија

Околу креветот каде што спиете никако не смее да се најде исушено и овенато цвеќе. Според верувањата, тоа привлекува лошо здравје.

Оштетени и скршени предмети

Овие предмети привлекуваат лоша среќа. Ним не им е место под креветот, но ни во домот.

Стари, расипани технолошки уреди

Сигурно ви е позната ситуацијата кога наместо да го фрлите расипаниот телефон, го чувате со мисла дека можеби некогаш во иднина повторно ќе ви затреба, иако тоа никогаш не се случува. Ваквите уреди најчесто завршуваат во кутија, а таа под креветот. Ваквите предмети носат лоша енергија и лошо расположение.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.