Пред Архангеловден задолжително направете го ОВА: Така познатиот заштитник на ангелите ќе ви ја исполни најдлабоката желба

Верувања и обичаи

Денес одбегнувајте кавги и одбегнувајте ги местата што не ги сакате

Архангеловден е празник кој во црковниот календар е запишан со црвени букви и секогаш се обележува на 21 ноември како спомен за еден од ангелите кои, според преданието, им се спротивставиле на злите сили со цела војска.

Свети Архангел Михаил е симбол на борбата против злото и небесна сила што ги прифаќа душите на умрените, мерејќи им ги добрите и лошите дела, се слика на иконите и фреските како небесен војник во војничка опрема, со меч, копје и зол дух, кој окован со синџири лежи под неговите нозе.

Денес обидете се да одбегнете непријатни средби, караници и места што не ги сакате. Побарајте да ве заштити од зли луѓе, негативна енергија и да ви подари мир и сила.

На самиот ден на празникот задолжително одете во црква и запалете свеќа. Помолете му се на вашиот ангел и побарајте од него да ви ја исполни вашата најдлабока и најважна желба. Отворете си ги душата и срцето, споделете ги радоста и тагата и на крајот заблагодарете се.

Денот по славата, која е една од најважните кај нас, побарајте од Архангел Михаил да ви помогне околу проблемите на работа. Без разлика дали станува збор за желба за повисока плата, подобра позиција или друга работа.

Постои предание според кое Архангел Михаил, како награда од Бога добил можност два пати годишно да се спушта во пеколот и да ги ослободи душите на грешниците давајќи им почивка во небесното царство.

На Архангеловден треба да ширите добри мисли, а единственото нешто што не смеете да го направите е да ги бркате сиромашните и немоќните. Ангелот, кој постојано е покрај верниците, ќе го казни тоа.

Едно народно верување вели дека според временските услови, на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Во некои краишта на Македонија, овој ангел се слави и како заштитник на сточарите, бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Дали Архангеловден ќе биде прославен со посна или мрсна трпеза, зависи од тоа на кој ден се паѓа. Ако се паѓа во среда или петок, тогаш треба да биде посна, а житото е задолжително.

Вака правилно се слави Архангеловден: Празник што ги лечи болните, а ги казнува грешниците!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.