Прашање што никогаш не смее да им се постави на жените: Зборови што болат најмногу на светот

Жените се чувствителни

Сите имаме право на приватност

Понекогаш од нашата уста излетуваат зборови што знаат да ја исечат душата како меч. Несвесно, без некоја лоша намера, ги навредуваме луѓето а не го ни забележуваме тоа. Секој ваш збор носи одредена тежина. Бидете свесни за тоа, бидејќи:

Таму некаде постои жена во 30-тите години, без деца

Луѓето ја прашуваат „Уште немаш деца?“. Ќе ви одговори со изнасилена насмевка и одмавнување со главата. „Не, уште ништо!“, од неа ќе излетаат зборови што кријат фрустрација, тага и болка. „Не чекај долго, времето лета…“, ќе кажете за да ја пополните непријатната тишина. Ќе продолжите понатаму, а жената ќе остане со лажната насмевка на лицето. Кога ќе си заминете далеку од неа, таа ќе ги пушти долго криените солзи.

Ќе се расплаче, бидејќи била бремена 4 пати и 4 пати дошло до спонтан абортус. Ќе плаче бидејќи се обидува да добие бебе уште од првата брачна ноќ, која се случила пред 5 години. Ќе плаче, бидејќи нејзиниот сопруг има дете со бившата жена, а со неа нема. Ќе плаче, бидејќи неколку пати имала вештачко оплодување, но без успех.

Ќе плаче, бидејќи сопругот ја обвинува за тоа, како и за фактот што станува тешко да се живее со неа. Ќе плаче, бидејќи сите нејзини сестри имаат деца, а таа нема. Ќе плаче, бидејќи една од нејзините сестри не ни сакала дете, но забременила. Ќе плаче, бидејќи нејзината најдобра пријателка е бремена. Ќе плаче, бидејќи мајка и’ постојано ја прашува: „Има нешто ново? Што чекате?“

Ќе плаче, бидејќи одбрала прекрасно име за бебето што не може да го роди. Ќе плаче, бидејќи би била одлична мајка, но не е…

Таму некаде постои жена на 35 години и пет деца:

Луѓето ќе и’ кажат: „Пет? Господе, се надевам дека заврши со раѓање!“ И тогаш ќе се насмеат, бидејќи таквите коментари се смешани. И жената ќе се насмее, но не искрено. Ќе ја смени темата и ќе продолжи во друга насока. А кога ќе остане сама, ќе се расплаче…

Ќе плаче, бидејќи е бремена и мора да ја крие радоста за тоа. Ќе плаче, бидејќи отсекогаш сакала големо семејство и не сфаќа зошто тоа им пречи на луѓето. Ќе плаче, бидејќи нема родени браќа и сестри и знае колку е важно да ги има. Ќе плаче, бидејќи баба и’ имала 12 деца и таа би сакала да биде иста како неа.

Ќе плаче, бидејќи не може да си го замисли животот без деца, но луѓето ги третираат како некакво зло. Ќе плаче, бидејќи не сака да ја сожалуваат. Ќе плаче, бидејќи таа и сопругот се сосема способни да ги издржуваат своите деца. Ќе плаче, бидејќи општеството ја етикетирало како неодговорна. Ќе плаче, бидејќи е уморна од „смешните“ коментари. Ќе плаче, бидејќи сака да живее на мира.

Таму некаде постои жена во 40-тите години со едно дете:

Луѓето ќе и’ кажат: „Само едно? Никогаш не си сакала повеќе?“. „Среќна сум со едно дете“, ќе каже таа мирно и ќе го повторува ова на секое глупаво прашање што ќе и’ се постави.

Кога нема да ја гледате, таа ќе плаче поради тоа што и таа единствена бременост била вистинско чудо. Ќе плаче, зашто нејзиниот син постојано бара да му роди брат или сестра. Ќе плаче, бидејќи отсекогаш фантазирала да има три деца. Ќе плаче, бидејќи морала да ја прекине втората бременост за да си го спаси животот. Ќе плаче, бидејќи докторот и’ кажал дека не смее повеќе да забремени.

Жените со вакви приказни се насекаде околу нас. Тие се вашите сосетки, пријателки, сестри, колешки, роднини… Не треба вие да им делите совети и да мудрувате.

Нивниот избор е само нивен и не треба да биде тема на ваше размислување и разговор, почитувајте го тоа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.