Пензионерка потрошила само 10 евра за 11 дена во Грција: Открила како со години ѝ успева тоа!

Неверојатно

Фото: Pixabay

Оваа пензионерка открива како

Дали е нереално да се потрошат само 10 евра на одмор?

Изгледа дека тоа е возможно, а една пензионерка открила како може да се потрошат само 10 евра за одмор од 11 дена.

„Јас и мојата пријателка ставаме по 10 евра во заеднички паричник и тоа ни е доволно за 11 дена. Пиеме кафе во апартманот, не јадеме леб, не пиеме сокови и други пијалаци, купуваме кисело млеко, зеленчук и овошје, а сувомеснати производи носиме од дома и со нив си готвиме нешто набрзина. Десет години правиме така и никогаш не сме потрошиле повеќе. Но ние сме пензионерки, а младите, секако, имаат поголеми желби и барања“, открива пензионерката.

Таа напоменала дека ретко кој им верува дека можат да поминат со толку малку пари.

„Едноставно така сме научени и навистина не ни недостасува ништо, бидејќи главно снабдуваме сè на пазар“, нагласила таа.

Па дали е ова реално?

Би можело да биде, особено кога не е сезона и ако се откажете од излегувањата, лежалките и чадорите на плажа, кафето во кафуле (понесете си ја потребната количина за тој период), па дури и од повременото гиро – ако си носите некои основни намирници од дома, а грчкото дневно мени го комплетирате со салата и јогурт. Според просечните цени за 2022 година, 1 кг домат е 1,50-2,50 евра, краставиците се 0,50-0,80, кромидот е 0,50-1,30, а јогуртот е 2-4 евра. Што се однесува до овошјето, килограм јаболка или портокал може да се најде и за помалку од едно евро.

За некого можеби ова не звучи како одмор од соништата, но пресметките велат дека не е невозможно.

Колку обично трошите вие на летување?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.