Оставете чаша вода во собата 24 часа: Еве зошто ви се случуваат лоши работи во домот!

Обидете се, ништо нема да изгубите

Секој човек што влегува во вашиот дом внесува одредена енергија, а таа може да биде позитивна или негативна

Постојат бројни техники со кои можете да утврдите дали во вашиот дом постои негативна енергија. Наједноставниот начин да го направите тоа е со помош на чаша наполнета со вода.

Што воопшто е негативна енергија?

Секој од нас има своја енергија што се задржува на местата каде што престојуваме и во предметите што ги користиме. Нашите домови се места каде што се среќаваат различни енергии, од нас самите, но и од членовите на семејството.

Секој човек што влегува во нашиот дом внесува и одреден вид енергија, а таа може да биде позитивна или негативна. Негативната енергија предизвикува стрес, здравствени и финансиски проблеми и лоши чувства. Доколку мислите дека во вашиот дом има таква енергија, веднаш преземете нешто.

Трик со помош на чаша вода:

Во проѕирна стаклена чаша ставете морска сол (солта би требало да заземе 1/3 од чашата). Потоа, во чашата сипете 1/3 ладна вода и 1/3 бел оцет.

Чашата ставете ја во собата во која мислите дека се собрала негативна енергија.

Откако ќе ја поставите чашата, никој не смее да ја допира во текот на следните 24 часа. Доколку течноста во чашата е во истата состојба каква што сте ја оставиле, можете да се опуштите – во таа соба нема негативна енергија.

Но доколку во чашата забележите меурчиња или ако течноста стане матна, очигледно е дека имате некои проблеми.

Откако течноста во чашата ќе ја апсорбира негативната енергија, фрлете ја течноста во тоалетна школка и пуштете вода. Повторувајте ја постапката секој ден, додека течноста во чашата стане бистра.

Задржуваат лоша енергија и внесуваат немир во домот: Уште денес исфрлете ги овие 50 работи од домот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.