Ослободете се од исцрпеноста и вратете ја енергијата следејќи ги овие три чекори

Повеќе од една третина од луѓето не спијат препорачаните седум до девет часа на ден. Брз живот, стрес, барање работа и многу обврски дома – доведуваат до исцрпеност од која многумина не можат да се ослободат.

Ако припаѓате на онаа група луѓе кои се уморни дури и на слободни денови, не треба да очајувате. Постои прилично едноставно решение и начин да се врати изгубената енергија за еден викенд. Трикот е во тоа што треба да ги следите сите „пропишани“ чекори.

Прв ден: Сабота

Откако ќе одлучите да го прескокнете излегувањето во петок, да испиете само една чаша вино и да заспиете во 23 часот, подготвени сте за вашиот прв ден. Во сабота, разбудете се во 10 часот наутро за да ги надоместите непроспиените часови во неделата што сте ги оставиле зад себе. Не проверувајте електронска пошта или поминувајте премногу време на социјалните мрежи ако тоа ви пречи. Посветете се на физичка активност и хоби. Не заборавајте да пиете доволно вода и да изберете здрава храна за вашиот оброк. Повторно легнете во 23 часот.

Втор ден: Недела

Во недела станeте во 8 часот, прескокнете кафе ако можете, наместо тоа пиете чај. Одржувајте ги оброците здрави, пијте многу течности и планирајте оброци за следната недела. Избегнувајте попладневна дремка, одете на прошетка или правете вежби за истегнување. Повторно си легнувате во 23 часот.

Трет ден: Понеделник

Станете во 6 часот наутро во понеделник, и ако дефинитивно мора да се разбудите во тоа време поради работа, размислете да одите во кревет порано за да станете во 5 часот наутро и да појадувате. Никогаш не треба да го прескокнувате појадокот, ручекот и вечерата нека бидат полесни и поздрави. После работа избегнете дремење и наместо тоа одете во теретана или на прошетка. Легнете пред 23 часот.

Прочитајте и: Никогаш не легнувајте гладни, а еве и зошто

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.