Одличен трик за диплење на чаршафите за само неколку секунди

Погледнете го видеото

МАМА МИЛА, која секојдневно објавува трикови за домаќинства на „TikTok”, го воодушеви Интернетот со методот за диплење на чаршафот за неколку секунди.

Нејзиниот трик се состои од четири едноставни чекори и заштедува време и простор во плакарот, објаснила оваа мајка.

Што треба да направите?

Ставете го чаршафот на рамна површина со еластичната страна свртена кон надвор. Превртете ги двата агли и притиснете навнатре за да направите правоаголна форма.

Преклопете ги надворешните страни навнатре. На крај, повторно преклопете ги надворешните страни навнатре и чаршафот е подготвен да се постави на полицата во шкафот.

Видеото можете да го погледнете овде.

Прочитајте и: Со помош на овие трикови облеката ќе остане како нова подолго време

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.