Нередовно менување на пижамите може да му наштети на вашето здравје: Научете колку често и како да ги перете

Сите добро знаеме колку често треба да ја менуваме долната облека, колку често треба да се капеме или да ја миеме косата. Но, за некои работи, како што се менување и перење пижами, воопшто не размислуваме.

Пижамите, како долна облека, се интимна облека што треба да се менува почесто од некои други облеки. Многу луѓе имаат навика да не носат долна облека под пижами, а тоа придонесува и почесто да се менува. Без оглед дали спиете со долна облека или ќе ја соблечете пред спиење, факт е дека носите пижами најмалку 6 часа во текот на ноќта. Оваа бројка ги прави пижамите совршено плодна почва за бактерии и други нечистотии. Ако на ова го додадеме и фактот дека човечката кожа ослободува 30-40 илјади мртви клетки за еден час, пижамите стануваат потенцијални надразнувачи и придонесуваат за затнување на порите.

Колку често треба да ги менувате и перете пижамите?

Менувањето на пижамите зависи од повеќе фактори. Експертите забележуваат дека пижамите треба да се менуваат и перат на секои три до четири вечери на употреба. Но, ако не сте склони на потење и ако секогаш се туширате пред да одите во кревет, можете да ги менувате пижамите на секои пет до седум дена. Во повеќето случаи, луѓето треба да се држат до сметката од три до четири носења. Но, за луѓето кои имаат мрсна кожа и се склони кон потење, пижамите може да се менуваат секој или секој втор ден.

Зошто е важно редовно да ги менувате пижамите и како да ги перете?

Редовното миење и менување на пижами е важно за здравјето на кожата, но и за одбрана од бактерии и други нечистотии. Исто така, редовната промена на пижамите е неопходна за луѓето со кои живеете и со кои делите кревет. Пижамите можат брзо да станат плодна почва за бактерии, микроби и габи кои можат да му наштетат на вашето здравје. Експертите препорачуваат перење на пижами на 60 степени и погоре, а доколку тоа не е можно поради материјалот, измијте ги со детергент кој безбедно ги отстранува штетните бактерии.

Прочитајте и: Со овој трик нема повеќе стуткана постелнина

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.