Нема шанси да не ви се допадне: Најстарата жена на светот (116) ја открила тајната на долгиот и среќен живот!

Ова е рецептот за долговечност!

Profimedia

На секоја жена ќе и’ се допадне овој совет на Кане Танака

На деветти март оваа година, Гинисовата книга на рекорди потврдила дека Кане Танака од Јапонија е најстарата личност на планетата. Кане Танака, која наполнила 116 година и покрај нејзините здравствени проблеми, е среќна и задоволна жена која ужива во секој момент.

Кане Танака е родена на 2 јануари 1903 година. Била седмо дете во семејството, а самата таа родила 5 деца во бракот со Хидео Танака, кого го запознала дента кога се венчале.

Нејзиниот сопруг имал семејна фирма што се занимавала со производство на традиционални јапонски десерти.

Во 1937 година Хидео бил повикан во воена служба, а Кане останала да се грижи за бизнисот. Правела десерти и истовремено се грижела за своите деца и свекрвата. Нејзиниот прв син Нобу исто така бил мобилизиран во 1943 година, а дома се вратил по завршувањето на Втората светска војна.

Кане и понатаму продолжила да се грижи за семејната фирма сè додека не се повлекла поради старост, оној ден кога наполнила 63 години.

ФОТО: Profimedia
Совети за долг живот на Кане Танака:

Станувајте порано – Кане се буди секое утро во 6 часот.

Развивајте ги мозочните клетки – Една од нејзините омилени активности е учењето математика.

Останете активни и дружељубиви – Кане обожава друштвени игри и сè уште со задоволство ги игра во својот дом.

Јадете многу чоколадо и пијте многу кафе – Тоа го прави таа! На церемонијата што ја организирала Гинисовата книга на рекорда, Кане добила кутија чоколади што веднаш ја отвориле и почнала да се слади.

На прашањето колку чоколади изела тој дена, таа одговорила: 100!

Кане признала дека нејзиното големо семејство е заслужно за нејзината среќа и долговечност. Смета дека најголемата тајна е во тоа никогаш да не изгубите надеж, без оглед на околностите.

Кога наполнила 113 години, Кане Танака рекла:

„Поради тоа што стигнав олку далеку, немам друг избор освен да се трудам што повеќе. Давам сè од себе!“

Во 2018 година признала дека би сакала да живее 120 години.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време