Не пијте вода додека јадете!

Како и пред и по оброкот!

Пиењето вода пред, во текот и веднаш по јадењето им е навика на многумина. Најновите истражувања покажуваат дека тоа ќе ви донесе повеќе штета отколку корист.

Имено, преголемо количество течности во текот на јадењето може да предизвика надуеност, проблеми со варењето и да ја спречи правилната апсорпција на хранливите материи. Затоа избегнувајте да пиете вода половина час пред јадење и еден час по јадење.

Ако баш морате да пиете за време на ручекот за полесно да ја проголтате храната, гледајте тоа да бидат мали голтки. Идеалната pH-вредност во желудникот изнесува 1 до 2, и таквото ниво на киселост помага за разградување на белковините, отпуштање на гастроинтестиналните ензими, апсорпција на витаминот Б12 и претворање на храната во раствор, што го олеснува варењето.

А кога пиете вода во текот на јадењето, целиот тој процес се забавува, доаѓа до надуеност и лошо варење.

Извор: Руски доктор

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.