Не брзајте – ќе ви се случи сѐ што ви е судено: 9 зен правила за посреќен живот!

Секој треба да прочита

Сѐ што ви е судено ќе се случи тогаш кога ќе бидете подготвени за тоа – не треба да брзате!

Зен-будизмот се смета за интересна филозофија. Без оглед на вашето верско убедување, тој секогаш може да ви понуди можности за развој.

Зен-будизмот високо ја цени медитацијата и се фокусира на интуицијата. Всушност, зен е нешто што секој треба да го доживее во одреден момент од својот живот.

Овие 9 зен принципи можат да ви го подобрат животот…

1. Не треба да брзате

За сѐ во животот потребно е време. Непотребното брзање секогаш доведува до грешки.

2. За сѐ има свое време и место

Оставете го животот да тече по својот тек. Сѐ што ви е судено ќе се случи кога ќе бидете подготвени за тоа. Нема потреба да брзате.

3. Мора да живеете во сегашноста

Утрото никому не му е ветено, па затоа морате да живеете во сегашноста и да уживате во секој момент како да е последен. Не си дозволувајте себеси да се каете утре поради работите што не сте ги направиле.

4. Секогаш бидете љубезни

Бидете љубезни секогаш кога имате можност. Така човек станува подобар, а животот поисполнет. Правете добри дела не очекувајќи ништо за возврат, правете го тоа од срце.

5. За да најдете мир, морате да престанете премногу да размислувате

Иако сме навикнати да анализираме сѐ што се случува, напуштањето на оваа навика може да ви донесе внатрешен мир. Човечкиот ум е ужасно место и нема ништо полошо од тоа да им дозволиме на мислите бесмислено да талкаат во тие отворени простори.

6. Обезбедете му на телото доволно сон

Недостигот на сон ги нарушува сите функции на телото.

7. Пред да почнете да дејствувате, размислете за последиците

Не би требало да направите ништо без прво да размислите за можните последици од своите постапки.

8. Медитирајте секој ден

На нашата душа ѝ треба медитација, таа ќе ви помогне да го прочистите умот и да најдете внатрешен мир.

9. Не жалете за минатото

Какво и да е, минатото треба да остане таму каде што му е местото, зад вас. Не можете никако да влијаете врз него, и затоа нема потреба да се каете за пропуштените можности или за лошо повлечените потези. Тоа е доказ за тоа колку сте станале силни.

Со помош на овие седум совети можете квалитетно да работите на себе и да се запознаете подобро
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.