Научниците предупредуваат: Многумина го готват оризот на овој начин, а тоа може да доведе до тешки болести!

Внимавајте!

ФОТО: Shutterstock

Еден од најчестите методи на готвење ориз може да доведе до низа здравствени проблеми, вклучувајќи болести на срцето, дијабетес и рак

Дали оризот го готвите на класичен начин? Го варите во тенџере додека испари водата? Според неодамнешните истражувања, овој метод на готвење може да биде недоволен за да се отстрани арсенот од оризот.

Покрај индустриските отрови и пестициди кои ги има во земјата, арсенот се задржува и во оризот, а оваа хемикалија е поврзана со низа здравствени проблеми, вклучувајќи и болести на срцето, дијабетес и рак, како и проблеми во развојот.

Наспроти тоа, најбезбедниот начин на готвење ориз е да го оставите потопен во вода цела ноќ, па потоа да го миете додека водата стане проѕирна.

Инаку, присуството на арсен во оризот го докажал Енди Мехарг, професор по биолошки науки на Универзитетот Квинс во Белфаст, кој тестирал три начини на готвење ориз за емисијата на Би-Би-Си Trust me, I’m a doctor.

Во првата постапка, професорот Мехарг го тестирал најчестиот начин на готвење ориз. На еден дел ориз ставал два дела вода, а водата испарила во текот на готвењето, по што утврдил дека нивото на арсен останало исто.

Во втората постапка, на еден дел ориз сипувал пет еднакви делови водата. По готвењето, вишокот вода ја фрлил и излегло дека нивото на арсен е 50% пониско.

Третиот метод се состоел од тоа што го оставил оризот во вода во текот на ноќта, по што нивото на отровни материи било намалено за 80 отсто.

Дали оризовите галети се навистина здрави и диетални?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.