Намалете ја болката во стапалата

Ваквата контрастна бања ги шири и собира крвните жили и ја поттикнува циркулацијата

Во подобро опремените аптеки можете да набавите валјак посебно дизајниран за масажа на стапалата

Понекогаш болката во стапалата има очигледна причина, како што се габични инфекции, волчјо око или враснат нокт. Но ако непријатноста што ја чувствувате едноставно доаѓа од умор или чевли што не ви се удобни, вашиот најдобар пријател може да биде водата – топла или ладна, со билни додатоци или без нив – или закрепнувачка масажа на стапалата.

За да ги почестите посебно своите стапала, наполнете еден леѓен со ладна вода, а друг со врела, до максималната температура што можете да ја поднесете. Покрај тоа, во врелата вода за стапалата можете да ставите и неколку капки масло од нане, еукалиптус или рузмарин. Седнете во удобно столче и ставете ги стапалата во ладната вода. По пет минути префрлете ги во врелата вода. Ова повторете го повеќепати.

Ваквата контрастна бања ги шири и собира крвните жили и ја поттикнува циркулацијата.

Извор: Добра храна

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.