Најдобрата ореовка по рецепт стар 90 години: Го зајакнува имунитетот и го забрзува метаболизмот!

Помага и за проблеми со желудникот

Ако сакате да направите вкусна и здрава ореовка, ви предлагаме совршен рецепт стар 90 години

Во народната медицина веќе стотици години се користи како лек за проблеми со желудникот и тироидната жлезда, а станува збор за лековитиот ликер од ореви.

Зелените плодови на оревот се берат во месецот јуни, и тоа од 15. до 30., во зависност од поднебјето. Овој природен рецепт стар 90 години е идеален за зајакнување на имунитетот, особено за време на зимските месеци, а помага и во случај на желудочни проблеми и анемија. Младите ореви додека уште се зелени, се богати со витамин Ц и јод и токму затоа се добри за тироидната жлезда.

Состојки:
  • 18 млади зелени ореви
  • 1 кг шеќер (или подобро мед)
  • 2 л домашна ракија
  • 2 домашни лимона
  • 1 портокал
  • 2 каранфилчиња
  • 2 до 4 ливчиња пелин
  • 1 стапче цимет
  • 1 стапче ванила
  • 5 зрна кафе
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 л бело вино
Приготвување:

Измијте ги оревите, лимонот и портокалите. Потоа, исечкајте ги оревите на пола или на четири дела, ако се поголеми. Исечкајте ги лимонот и портокалите на резанки и ставете ги во лонец.

Во голем лонец или пластична канта наредете ред ореви, па посипете ги со половина од шеќерот. Додајте лимон, портокал, каранфилче, пелин, цимет, ванила, зрна кафе и остатокот од оревите и шеќерот. На крајот, сето тоа прелејте го со ракија, добро промешајте и поклопете.

Чувајте го садот на сонце 40 дена, но секој ден промешувајте малку за да се поврзат состојките што подобро.

По 40 дена, процедете ја смесата низ газа, додајте литар вино и ванилин шеќер. Добиениот ликер префрлете го во стаклени шишиња, па чувајте ги на темно и ладно место.

Вака се прави ореовка: Природен лек за тироидна жлезда и забрзување на метаболизмот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.