Домашниот раствор за красула е евтин и економичен, а билката ќе ужива и ќе цути со неверојатна брзина
Билката позната како дрво на парите, односно красула, во фенг шуи често се поврзува со благосостојбата и финансиската среќа.
Красулата е многу едноставна за одржување и не бара многу внимание. Најважно ѝ е да има доволно светлина и умерено да се наводнува. Во текот на зимските денови, поретко наводнувајте ја оваа билка, бидејќи тогаш растот ѝ е забавен.
За да се поттикне развојот и растот на дрвото на парите, треба да му се обезбеди добра прихрана.
Цвеќарите откриле совршена прихрана за красулата. Тајната се крие во обичниот аспирин. Доволно е да растворите само една таблета аспирин во вода и да ја полеете билката со тој раствор.
Постапката е едноставна:
1. Здробете една таблета аспирин.
2. Растворете го правот во еден литар вода.
3. Полејте ја красулата со добиената течност, а можете и да ги попрскате нејзините листови.
Повторувајте ја оваа постапка секои 10 дена.