Постојано во торбата носам шишенце со омилениот мирис. Не за да се мирисам секој час, туку да имам доколку ме заболи раката (боледувам од артритис). Тогаш вдишувам од омилениот мирис – и сѐ поминува!
Нема многу да мудрувам, едноставно негде прочитав дека парфемот може да се користи како аналгетик. Како што велат стручните луѓе, овој метод – ароматерапија – има смирувачко дејство на нервниот систем, а паралелно со тоа исчезнува и болката.
При вдишувањето на пријатниот мирис се активираат сосема други рецептори и фокусот од чувството на болка се префрла на уживање и опуштање.
Овде постои и едно „не“ за премногу парфем, дури и од омилениот, или негова силна концентрација – доведува до мачнини и вртоглавици. Сѐ е добро само кога е умерено.
Текст: Људмила Османова, Сморгон за „Руски доктор“