Лажговците се препознаваат по рацете: Тие ги издаваат, а не очите!

Задолжително прочитајте!

Лажговците често се издаваат со своето држење и често ги држат рацете близу до телото, бидејќи така несвесно се штитат себеси додека ве лажат

Ако се сомневате дека некој не бил искрен кон вас, постојат неколку работи на кои би требало да обрнете внимание, а кои може да послужат како инстант детектор на лаги.

Обрнете внимание на нивното држење

Лажливците секогаш се откриваат со своето држење. Често ги држат рацете близу до телото, бидејќи така несвесно се штитат себеси додека ве лажат.

„По правило, колку повеќе некој дозволува телото да му биде отворено, изложено, толку поискрен е. Тоа е така затоа што сме физички најранливи кога телото ни е изложено на надворешни влијанија. Ако забележите дека некој ја променил положбата на телото, се склопчил, а рацете ги држи близу до себе, можно е да ве лаже!“, објаснува психологот Џон Пол Гарисон.

Обрнете внимание на тоа колку се движат

Ако се скамениле, тогаш дефинитивно нешто не е во ред. Често ги држат рацете на страна, седат многу мирно, зборуваат полека и ја сведуваат мимиката на минимум, затоа што сакаат да создадат лажна слика дека се смирени и дека не лажат. Бидете внимателни, бидејќи тоа значи дека се искусни лажговци.

Обрнете внимание на нивната приказна

Освен ако не се искусни лажговци, ќе може да најдете пукнатини во приказната. Дали претходно зборувале за тоа? Дали промениле некој вжен детаљ? Ако се сомневате, внимателно слушајте што зборуваат.

Наведнете се кон нив

Лажговците веднаш ќе се повлечат. Доколку личноста која мислите дека лаже се држи подалеку од вас, тоа е сигурен знак дека нешто крие. Погледнете дали личноста ги вкрстува нозете, ви го врти грбот или ги става рацете во спротивен правец од вашиот. Тоа значи дека им е непријатно, а телото така се брани.

Преиспитајте ги

Ако некого го обвините дека лаже и ја преиспитате неговата приказна, обрнете внимание како реагира на тоа. Невината личност може ќе биде навредена, но лажговците знаат да заземат претерано дефанзивен став.

Климање со главата

Вашето тело ве издава кога лажете, па и наједноставното движење со главата може да значи пропаст. Полицајците тоа добро го знаат, а поранешните службеници на ЦИА велат дека често случува некој да каже „да“, а со главата да кима „не“.

Промени во однесувањето

Ако личноста која ве лаже е обично весела и комуникативна, а сега одеднаш молчи, тоа е уште еден знак дека ве лаже.

Верувајте си себеси

Ако ништо друго не функционира, вие знаете повеќе одошто мислите. Некогаш луѓето се многу добри во лажењето и нема да ви остават простор сами да го откриете проблемот. Па, сепак, ако имате чувство дека некој ве лаже, држете се до него, бидејќи нашето тело има добри механизми за самоодбрана.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.