Корисни совети: Зачин што го одржува лебот свеж подолго

Малите трикови за домаќинството никогаш не се доволни, особено оние од кујната. Многумина беа воодушевени од оние во група на Фејсбук каде се споделуваат совети за храна, каде што едно семејство сподели совети како да се зачува свежината на лебот подолго …

Лебот е храна што повеќето од нас ја сакаат свежа, па затоа ја купуваме секој ден, поради што често имаме многу вишок застоен леб, кој неволно, на крајот треба да го фрлиме. Сепак, за да избегне такви ситуации, една мајка го сподели својот одличен совет за зачувување на свежината на лебот и воодушеви многумина.

Имено, во групата на Фејсбук каде се споделуваат совети за исхраната, семејството сподели како да го чува лебот свеж подолго и потребно е само едно нешто – целер.

– На Јутјуб дознав дека ако ставите парче целер во вреќа со леб, тој останува свеж подолго. Го испробав тој трик и нашиот леб беше посвеж подолго од кога било досега. Не знам како работи, но навистина работи – напиша таа. Лебот ја апсорбира влагата од целерот што спречува да се исуши.

Оваа мајка додаде и дека целерот не остава вкус на лебот и дека може да се користи за сите видови леб.

Прочитајте и: Суво овошје и јаткасти плодови – време е за здрави закуски

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.