Колку месо треба да купите за првомајската скара? Вака правилно се пресметува количината!

Нема да можете да погрешите со овој принцип

300 г месо по лице, односно 400 г за оние со поголем апетит

Многумина едвај чекаат да дојде 1 мај, празникот на трудот, пред сè, поради неработните денови, скарата во двор или во природа и дружењето со роднините и пријателите. Пред да дојде тој ден, честопати се прашуваме колку месо треба да купиме за скара.

Пред сè, треба да се обрне внимание на бројот на луѓе и старосната група. Поголема количина месо, секако, ќе изедат мажите, а жените, повозрасната популација и децата ќе изедат помалку. За најмалите, можете да ја намалите количината на месо за половина. Сепак, можеби подобро е да приготвите малку повеќе месо одошто мислите, бидејќи вишокот секогаш може да се искористи подоцна или да им се спакува на гостите пред да си одат.

Лесно е да се пресмета количината

Консумацијата на месо по лице е 300-400 г свежо месо, но важно е да се знае дека при приготвувањето, тоа губи околу 30 отсто од својата тежина. Предвид мора да се земе и видот на месо – ако станува збор за месо без коски (ќебапи, плескавици, вешалица или раженчиња), тогаш количината на месо би требало да биде 300 г по лице, а ако приготвувате месо со коски (пилешки батаци, кременадли…) тогаш пресметуваме на 400 г.

Значи, пребројте ги луѓето и помножете ги со грамажата месо. Лесно е.

Сите сакаат пилешко и свинско

Сигурно се прашувате и кое месо да го одберете. Истражувањата покажале дека на прво место се пилешкото и свинското месо, а веднаш потоа следат ќебапите, плескавиците и колбасите. Рибата не е толку популарна за првомајската скара.

И зеленчукот на скара е вкусен

За да ги воодушевите сите присутни со скарата, изборот на дополнителни намирници покрај месото е задолжителен. Зеленчукот, освен што ќе додаде дополнителни вкусови и доза на витамини, ќе ја исполни чинијата со вистинско шаренило од бои.

На пример, никако не можете да погрешите со потпечен компир или тиквички, а младиот и стариот кромид, зелената салата, рдоквите и преливите како мајонез се идеални како дополнителен прилог за скарата.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе