Проблемот со нечистите површини не е во тоа што го гледате, туку во она што не го гледате
Се прашувате дали одржувањето на вашиот дом е на ниво и кога е време за чистење одредени предмети и уреди? Ви откриваме неколку совети за редовно одржување и на очигледните и на помалку видливите места во домот – со цел да го одржите чист и пријатен за живот.
Кујнски површини – секој ден
Проблемот со нечистите површини не е во тоа што го гледате, туку во тоа што не го гледате. Бришењето и дезинфекцијата на кујнските површини по секоја употреба го спречува преносот на бактериите од вчерашната вечера на денешниот ручек.
Машина за миење садови – месечно
Со текот на времето, во машината се насобираат наслаги кои можат да го спречат доброто миење. Еднаш месечно посипете шолја сода бикарбона на дното, ставете пола шолја бел оцет на горната полица и започнете го вообичаениот циклус на миење.
Фрижидер – секои три-четири месеци
Заборавените остатоци од храна можат да предизвикаат мувла и да остават непријатен мирис. Секои три-четири месеца празнете го фрижидерот и чистете ги полиците и ѕидовите со раствор од една лажица сода бикарбона во литар вода. Измијте ја и исушете ја внатрешноста пред да ја вратите храната.
Кујнски под – неделно
Ако имате деца, веројатно ќе морате да го чистите подот и почесто. А ако не влегувате дома обуени, доволно е да ги бришете подовите еднаш неделно.
Килими – еднаш неделно
Редовно чистете ги со правосмукалка големите килими. Чистите килими помагаат да се намалат алергените во домот. Длабинското чистење се препорачува еднаш на шест месеци.
Мебел – месечно
Дамките исчистете ги веднаш, а за редовно одржување на ткаенината, доволно е месечното чистење на перниците и празнините со правосмукалка. Длабинското чистење со пареа се препорачува еднаш годишно.
Украси и ситници – неделно
Сето тоа собира прашина и треба редовно да се брише – полиците, книгите, рамките за слики, ламбите, огледалата… – користејќи малку навлажнета памучна или крпа од микровлакна.
Далечински управувач – неделно
Извадете ги батериите пред чистењето. Со памучни стапчиња потопени во сапуница отстранете ги нечистотиите околу копчињата, а потоа пребришете го целото далечинско со раствор од оцет и вода (1:2). Пред да ги вратите батериите, проверете дали е сè суво.
Завеси и ролетни – секои три месеци
Редовно отстранувајте ја прашината, а темелно чистење со топла сапуница правете секои 3-4 месеци. Завесите перете ги во машина барем еднаш во сезона.
Тоалетна школка – секој ден
Што повеќе се користи тоа почесто треба да се чисти. Секојдневно сипувајте малку средство за чистење и исчеткајте ја, а еднаш неделно темелно чистете ја.
Завеса за туширање – неделно
Пластичните завеси перете ги еднаш неделно во топла вода со сода бикарбона. Редовното прскање со средство за чистење и бришење по секое туширање ќе помогне во спречувањето појава на мувла.
Машина за перење алишта – секои три месеци
Уредите што користат вода се склони на појава на мувла. По секое перење, бришете ја вратата и гумата на вратата. Секои три месеци покренувајте празен циклус на перење со една шолја избелувач и топла вода.