Кога некој сака да ве навреди, кажете му го ова: Моќна тактика на Зигмунд Фројд

Дознајте!

Оној момент кога туѓите мислења и ставови ќе престанат да ве погодуваат, ќе станете слободни луѓе

Зигмунд Фројд рекол дека ако човек не е груб, нема проблеми и сите го сакаат, најверојатно починал. Тоа значи дека не можете да се оградите од негативноста на другите луѓе, таа секогаш ќе постои, но вие одбирате колку тоа ќе влијае врз вашиот живот и како ќе реагирате.

Луѓето се емотивни суштества и честопати, критиките, осудите или навредите од другите луѓе можат да нè доведат до очај, непријатност и да ни ја срушат самодовербата. Треба да ги прифатите конструктивните критики од блиските луѓе на кои им верувате, но навредите во комуникацијата можат да бидат како отровни стрели. Личноста што ве навредува има само една мисија – да ве повреди. Фројд велел:

„Силната личност никогаш не го презема товарот на туѓите изјави.“

Како, всушност, да им се спротивставите на навредите и на лошото однесување? Не се расправајте, туку кажете „Да“ на која било негативна претпоставка, со мирно лице и тоналитет.

Моќта на мирното„да“ може да го намали секој психолошки притисок, бидејќи едноставно ја лишувате личноста од можноста да ве повреди со нешто и не се браните докажувајќи го спротивното, туку едноставно го обезвреднувате секој нејзин напад, лишувајќи го непријателот од целта.

Покрај магичното „да“, за да се заштитите од навреди, важно е да развиете самопочит. Не дозволувајте вашиот мир да зависи од надворешни фактори. Здравата самопочит е суштинска, а туѓото мислење е вредносен суд, кој честопати е површен и кој не се стреми кон најдобрата цел, туку мисијата може да биде омаловажување и обид да се претстави човек себеси во подобро светло преку навреди.

Фројд кажал:

„Кога сите луѓе би се оценувале само себеси и кога не би се занимавале со вреднување на другите, грубоста би изумрела како феномен.“

Покрај ова, единствениот начин да се заштитите од луѓето што се склони на навредување е потполно да се дистанцирате од нив. Почитувајте се себеси, не им дозволувајте на токсичните луѓе да ви ја крадат енергијата. Опкружете се со позитивни луѓе што ве сакаат, почитуваат и поддржуваат, бидејќи тоа и го заслужувате.

Тврдење на Зигмунд Фројд: Мажот е среќен со секоја жена, сѐ додека не ја засака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.