Кога ќе ве изнервира некој: Еве како да се смирите за 1 минута!

3 начини како да ги смирите нервите

Неочекуваните препреки го нарушуваат вообичаениот начин на живот, нè прават раздразливи и нервозни, но постојат три начина што ќе ви помогнат да ја вратите менталната рамнотежа за само 60 секунди

Стресот е неизбежен дел од животот на луѓето. Но постојат дури три начина што ќе ви помогнат да ја вратите менталната состојба во рамнотежа за само 60 секунди.

Прв начин на смирување нерви

Создадете си слика во главата. Научниците сметаат дека менталната слика на вода или бела ментална слика е најдобра за смирување на нервите. Значи, кога некој ќе ве изнервира, а вие седите, сместете се удобно и опуштете го телото. Затворете ги очите и замислете ладна, бистра вода што тече. Водата тече врз вашето лице, рамена, гради, го мие вашето тело – од врвот на главата до ножните прсти. Уживајте во студенилото на таа вода 30 секунди, а потоа замислете како таа вода се повлекува и ги носи сите ваши проблеми.

Вдишете длабоко и отворете ги очите.

Втор начин

Одете во тоалет. Раскопчајте го околувратникот или ослободете се од маицата што ве стега. Пуштете ја водата да тече од чешмата. Намокрете ги рацете со ладна вода, па ставете ги на вратот. Истријте го вратот, рамената, постепено зголемувајќи го притисокот, потоа, намалете го притисокот како за лесна масажа и нежни допири. Повторно измијте го вратот со студена вода.

Трет начин

Вдишете длабоко и издишете. Земете парче материјал во рацете (можете да користите и пешкир или волнено ќебе), притиснете го и свиткајте го како да го цедите. Материјалот мора да биде сув. Виткајте го со сета сила, цедете го користејќи ги сите мускули. Потоа, остро опуштете ги мускулите и протресете ги рацете, фрлете го пешкирот на подот и почувствувајте опуштање на целото тело, рацете и вратот.

Овие едноставни вежби ќе ви помогнат брзо да се смирите пред состанок, пред некој настап или по стресна ситуација.

Слушнете ја песната за која научниците тврдат дека го намалува стресот за 65%
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.