Како да ја испеглате изгужваната облека без пегла: Трикови што ќе ги обожавате!

Корисно!

Пеглањето никому не му е омилена активност, а со овие трикови ќе можете да го одбегнете

За да ги испеглате изгужваните алишта, пробајте ги овие трикови…

Пегла за коса

Пеглата за коса е идеална во ситуации кога на вашата облека ќе се појават оние остри рабови што тешко се исправаат и до кои тешко може да се стигне. Тука може да ви помогне пеглата за коса, и тоа така што претходно ќе ја загреете, а потоа со неа ќе ја опфатите згужваната ткаенина и кратко ќе ја задржите. Имајте на ум дека ова не можете да го примените кај сите видови материјал, па така оние чувствителните како што е свилата би требало да ги прескокнете.

Оцет и вода

Мешавината што ќе ја направите од вода и вински оцет, и тоа во размер 3:1 може исто така да ви помогне во решавањето на проблемот. Прснете малку од растворот на местото каде што ткаенината е и истуткана, па дополнително растресете ја со раце. Набраните места на облеката би требало многу брзо да попуштат.

Пареа од тоалет

Закачете парче облека на закачалка, па закачете ја на вратата од туш кабината. Истуширајте се со топла вода и оставете ја да тече во млаз, за да направите што поголема пареа. Излезете од тоалетот, затворете ја вратата и оставете ја гардеробата сама да се испегла. Пареата ќе ја исправи. Нема да биде совршено испеглана, но дефинитивно ќе изгледа подобро после ова.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.