Како да го спречите претекувањето на течноста од тенџерето: Со помош на овој едноставен трик, ручекот сигурно нема да ви побегне!

Проверено функционира

Испробајте го овој трик и никогаш нема да ви претече течноста од тенџерето

Колку пати ви се случило да ви претече ручекот, а вие сте дале сѐ од себе да приготвите вкусно јадење? Во еден момент забораваме да ја намалиме температурата, одиме во друга просторија и кога ќе се вратиме во кујна, гледаме дека јадењето претекло од лонецот или тенџерето, а остатокот маснотии се задржале.

Тоа често се случува при готвење компири, ориз и разни варива. Но и тоа можеме да го спречиме. Постои еден трик што го користеле нашите баби, а кој е многу едноставен и ефикасен.

Трик со дрвена лажица

Дејствува на два начина. Најпрво, меурчињата се нестабилни форми. Кога хидрофобни супстанции ќе ја пробијат површината на меурчињата, тие се смируваат.

Сувата дрвена лажица ги стабилизира меурчињата кога ќе дојдат во контакт со нејзината водоотпорна површина. Од таа причина, зовриената вода се повлекува.

Второ, меурчињата и пената што настануваат од зовриената вода се полнат со пареа. Ако меурчето допре нешто чија температура е под 100 степени Целзиусови, пареата ќе се кондензира (ќе се врати во течна состојба) и ќе ја уништи површината на меурчињата.

Дрвената лажица која е значително поладна од 100 степени Целзиусови ги разбива меурчињата и пената се повлекува.

Кога овој трик не успева?

Иако трикот е многу успешен, и тој има свои недостатоци. Имено, во еден момент вашата лажица ќе се загрее и водата ќе се подигне без оглед на сѐ.

Никако немојте да користите метална лажица, бидејќи металите многу побрзо спроведуваат топлина.

Ви носиме едно брзо решение:

Можете да дувнете на површината од врелиот сад и пената ќе се повлече, бидејќи здивот веројатно ви е значително поладен од 100 степени Целзиусови.

Влажното дрво со текот на времето ќе се искриви

Ако често ја употребувате истата дрвена лажица во лонецот зовриена вода, ќе се искриви од влага и топлина.

Па затоа, погрижете се да ги менувате лажиците кога ќе го користите овој трик или барем внимавајте на зовриената вода за да не ви остане лажицата долго на површина.

Готвач открил необичен трик за највкусниот печен компир: Тајната на крцкавата коричка и меката средина се крие во оваа состојка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.