Јајце чуваркуќа: Еве зошто го чуваме цела година и што треба да направите со минатогодишното!

Не фрлајте го!

Постои верување дека јајцето чуваркуќа ги брка злите сили и демони од куќата и домашните

На Велики петок се вапсаат јајца, а постои обичај дека првото јајце се бојосува со црвена боја и се чува до наредниот Велики петок, за да ги заштити домот и домашните. Затоа ова јајце се вика чуваркуќа.

Постои верување дека чуваркуќата ги истерува злите сили и демони од домот и домашните.

Некогаш се почитувал стариот обичај и ритуал бојосаното јајце чуваркуќа ноќта пред Велигден да се остави да преноќи во вода со босилек, дрен и билката здравец, а семејството на велигденското утро се миело со таа вода за да бидат сите здрави во текот на цела година, особено децата.

Што да направите со чуваркуќата од минатата година?

Кога ќе се бојоса новото јајце чуваркуќа, старото се фрла во река за да го однесе сето зло и несреќи што паднале на него, наместо на домот што го заштитил.

Од друга страна, оние што имаат двор почитуваат обичај на закопување на минатогодишното јајце чуваркуќа во земја под дрвото што сакате да биде плодно, како и да го заштити домаќинството од временски непогоди.

Се верува дека чуваркуќата носи благосостојба и среќа во домот, па многумина ја чуваат во посебен украсен сад.

Најважните обичаи на Велики петок: Сите верници треба да го направат ова денес!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.