Јаболков оцет – еликсир за убавина, но и поздрав организам

Јаболков оцет – сигурно сите го имате во куќата, а доколку не сте биле сигурни за неговите корисни ефекти, уште еднаш ве потсетуваме за што е добар.

Јаболковиот оцет е богат со магнезиум, калциум, бакар, фосфор, железо, натриум, калиум и е полн со аминокиселини. Тој е познат по своите придобивки подолго време, но популарноста ја стекна само во последниве години. И еве зошто е добро да се користи оцет за козметички цели и кому му е забрането да го користи овој чудесен еликсир.

Губење на тежина

Јаболковиот оцет го нормализира функционирањето на гастроинтестиналниот тракт, го забрзува метаболизмот, а исто така го намалува гладот. И најважната функција што ја има овој производ е распаѓање на мастите.

Контраиндикации за употреба

Јаболков оцет не треба да го пијат оние кои страдаат од проблеми со бубрезите и дигестивниот систем, како и луѓе со хепатитис, дијабетес, панкреатит, цироза и болести на панкреасот.

Надворешна употреба

Волшебниот оцет може да биде корисен и како козметички производ: за убава кожа, можете да измешате половина чаша вода и 2 лажички оцет, и да го избришете лицето со добиениот раствор, а за свиленкаста коса, додадете лажица оцет на еден литар вода и исплакнете ја косата после миење.

Прочитајте и: Еве како циметот влијае на здравјето

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.