Излезете како победници од тешките животни околности: 3 едноставни правила што го менуваат животот!

Совети на психолози

Кога ќе ги усвоите овие правила, животот ќе ви стане песна

За да го промените животот од корен, не морате да правите драстични промени. Понекогаш доволно е во својот живот да вклучите неколку едноставни, но многу корисни навики, кои ќе ви помогнат да станете многу посмирени и посреќни.

Оваа вежба ги ублажува симптомите на депресија, опушта, ја ублажува несоницата, ја намалува анксиозноста и раздразливоста. Кога редовно се изведува, позитивниот ефект на вежбата трае долго.

Прв чекор

Пред легнување во кревет, обидете се да се ослободите од негативните мисли. Замислете ги вашите грижи како цигли кои ќе ги извадите и скршите. Оваа вежба на прв поглед звучи банално, но ако се обидете да ја изведувате секоја вечер, навистина ќе забележите како негативните мисли полека исчезнуваат.

Исто така, пред да заспиете, фокусирајте се на дишењето кое дополнително ќе ве опушти.

Втор чекор

Фокусирајте го вниманието на три пријатни работи што ви се случиле дента. Може да бидат големи или мало, најглавно е да ви даваат позитивно чувство. На пример, ве пофалиле на работа, детето ви кажало дека ве сака, се чувствувате задоволни со својата работа и така натаму.

Трет чекор

Замислете си како вашиот мозок формира нови текови низ кои се движи среќата. Додека психолошки вежбате, замислете дека хормоните на радоста се мали реки што се поврзуваат и се претвораат во големи напливи на среќа. Ако секоја вечер заспивате со овие позитивни мисли, ќе забележите голема разлика во животот.

Постепено ќе сфатите дека она што носи вистинска радост и среќа не зависи од богатството, успешната кариера и јавното признание.

10 начини да дознаете што е среќа за вас: Кога ќе ви биде тешко, прочитајте го ова!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време