Има 80 години, а изгледа како да има 50: Убедена е дека нејзиниот младешки изглед се должи на овие 4 работи!

Ја нашла формулата за младост!

За жената да изгледа помладо, потребно е да прави неколку работи

Многумина размислуваат за тоа како ќе изгледаат за 20, 30 или повеќе години, односно како да го задржат младешкиот изглед кога ќе ја поминат менопаузата. Филомена Варихај го пронашла одговорот на тоа.

Дознајте како мајката на четири деца која неодамна го прославила 80-тиот роденден успева да го одржи својот младешки изглед.

Позитивни мисли за вечна младост

„Секое утро се будам со ентузијазам и смисла за живот. Благословена сум со енергија, талент и желба да им помогнам на другите да направат сè што сакаат и навистина сум благодарна.“

Диета 70-20-10

Тоа значи дека 70% од калориите ги внесува од овошје, зеленчук и житарки, 20% од протеини, како што се пилешкото и рибата и 10% од маснотиите.

„Тоа подразбира многу сечкање и приготвување храна, што е предизвик, но вреди“, открила Филомена.

Трчање

„Мојата средна ќерка доби спортска стипендија, но кога го доби распоредот на тренинзи за првата година, виде дека тие вклучуваат трчање 5 километри три пати неделно. Ме праша: ‘Мамо, сакаш ли да трчаш со мене?’. Како можев да кажам не?’“, изјавила Филомена.

На крај била во толку добра форма што се одлучила да се натпреварува.

„Освоив злато во својата старосна група и тогаш се навлеков.“

Филомена додала дека потоа освојувала злато секогаш кога се натпреварувала во старосната група од 40 до 75 години.

„Кога се работи за мотивација за вежбање, помага ако имате цел. Поставувањето цели помагаат да ја зголемите делотворноста на сите видови вежбачи, од рекреативни до професионални спортисти“, потврдиле експертите.

Благодарност

Секој ден, Филомена запишува за што е благодарна на лист хартија и тоа го става во својата тегла на благодарности.

„Врската меѓу телото и умот е многу јасна. Кога сме благодарни, стануваме попозитивни и позадоволни од себе, поради што постои поголема веројатност дека ќе ослабиме ако сакаме или ќе си ја одржиме килажата.“

Филомена е доказ дека благодарноста може да ви помогне да останете во форма и гордо да носите бикини и на возраст од 80 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.