Фантазирањето е полезно… и добредојдено!

Еве зошто...

Редовното фантазирање за пријатните ситуации и места може да биде корисно колку и одморот на некое убаво место, бидејќи го намалува нивото на стрес. Испробајте ги следниве техники:

Замислете се на одмор. Фокусирајте се на глетките, звуците и на мирисите и набљудувајте што се случува околу вас.

Направете пано на расположенија. На него залепете слики од летувања, како и фотографии од егзотичните места што сте ги пронашле во некое списание. Паното поставете го на место на кое постојано ќе го гледате. Секој пат кога ќе фрлите поглед на него, заталкајте во својот „рај“.

Опуштете се. Затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето пет мин. Звуците од опкружувањето нека се стопат со вашето дишење и набргу ќе се смирите.

Текст: Б. Трескавица

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.