Ефикасен трик против мувла: Еве како да се ослободите од влагата и габичките на сите површини!

Мувлата може да биде многу опасна по здравјето

Сѐ што сте презеле досега можеби ви помогнало моментално да ја отстраните мувлата, но не и да го сопрете нејзиниот раст. Конечно го дознавме ефикасното решение!

Мувлата се насобира во бањата по туширање или бањање, колку и да ги бришете санитариите и плочките. А каде и да има вишок влага во вашиот дом, по некое време неминовно ќе се појави мувла.

Експертите за чистење вентилациски одводи објаснуваат дека мувлата не е само естетски проблем, туку исто така, може да предизвика проблеми со дишењето, да поттикне алергии, па дури и да ги оштети ѕидовите и мебелот. Како да се ослободите од неа?

Внимателно со осетливите површини!

Пред да се фрлите на рибање, ставете гумени ракавици, заштитни очила и правилно поставена маска за лице. Во кофа со млака вода ставете детергент за садови. Ако чистите непорозни површини, потопете четка во растворот и со неа исчистете ја површината.

За поосетливи површини, употребете сунѓер или мека крпа. Порозните материјали што станале мувлосани, како килимите, најверојатно ќе морате да ги фрлите. Кога мувлата ќе влезе во влакната или порозните материјали, може да биде многу тешко целосно да се ослободите од неа.

Последниот чекор е клучен

Кога конечно ќе ја отстраните мувлата, важно е темелно да ја исушите третираната површина. Освен тоа, влагата и ве доведе до оваа ситуација. Користете крпа за сушење мебел, отворете ги прозорците или поставете вентилатори за да ја забрзате постапката на сушење.

Дополнителен совет: Одбегнувајте боење или затворање на мувлосаните површини. Тоа можеби ќе ја покрие мувлата, но не гарантира дека ќе го сопре нејзиниот раст и подоцна може да доведе до лупење на бојата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.