Едноставен трик за да спречите исфрлање храна од фрижидерот

Кога станува збор за ставање храна во фрижидер, повеќето луѓе ќе одделат зеленчук и овошје од остатокот од нештата и нема да се грижат премногу за датумот на набавка на намирниците.

Со самото купување намирници, многу луѓе ги ставаат на полиците во фрижидерот туркајќи ги користените и отворените кон крајот. Ова често доведува до влошување на храната што веќе била користена и заборавена. За да се ослободите од постојаниот отпад од храна, докторката и гастро-блогерка Дениз Бастард користи едноставен трик што реши да го сподели со своите читатели.

Бастард ги става сите употребени јадења и отворени производи во една проѕирна голема пластична кутија. Така, на едно место ги има сите зеленчуци и овошја што не ги искористила во целост. Таа ја нарекува кутијата „кутија користете ме“ и sирка во неа наутро за да одлучи што да готви тој ден.

Доколку имате проблем со акумулација на полуизедени млечни производи и месни производи, ве советуваме да поставите полици или да набавиме помали кутии исклучиво за овие производи за да избегнете отворање нови и фрлање стари намирници. Бастард препорачува поголеми и подлабоки кутии за да може во нив да се смести поголем зеленчук, како што е половина зелка или тиква. Со организирање на фрижидерот, сигурно ќе се ослободите од непотребно фрлање и ќе го олесните планирањето на оброците.

Прочитајте и: Хартиените крпи можат да ја зачуваат свежината на овошјето и зеленчукот

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.