Едноставен трик за да се ослободите од гребнатинки на омилените очила

Подготвени за сончеви денови!

На најмал зрак сонце многумина веднаш посегнуваат по омилените очила за сонце и тоа е додаток што сите од сега ќе го имаме со себе, па затоа, се разбира, ризикуваме да ги оштетиме.

За жал, почесто отколку што би сакале, принудени сме да се ослободиме од омилениот пар очила за сонце заради штетата предизвикана од секојдневно носење или невнимателно чување во торба без футрола. Но, сега откривме неверојатно едноставен трик што ви помага да ги носите омилените очила подолго од една или две сезони.

Според E! Online, микроабразивните својства на пастата за заби имаат можност (моќ!) да ги полираат гребнатинките на површината од очилата за сонце!

Еве како:

Чекор еден: Ослободете се од прашината и малата нечистотија од очилата со крпа за прав. Потоа исцедете мала количина паста за заби (не треба да биде гел, не треба да биде абразивна или за белење) на врвот на прстот. Стаклената површина на вашите очила премачкајте ја цели пет минути со кружни движења на прстите.

Потоа исплакнете ги очилата во млака вода и исушете ги со хартија. Ако гребнатинката не е исчезната, повторете го првиот дел од процесот.

И тоа е тоа! Уживајте во деновите што доаѓаат!

Прочитајте и: Интересно: Како да заштедите од потрошувачката на тоалетна хартија

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време