Едноставен трик поради кој ќе заборавите на пеглањето за време на жешките летни денови: Ви требаат само 2 состојки што веќе ги имате дома!

Одбегнете го пеглањето со помош на овој едноставен трик

Во текот на жешките летни денови последното нешто што ви треба е да пеглате, а еве како можете да го одбегнете дополнителното загревање на просториите на 40 степени

Топлотниот бран што го зафати регионот ни ги отежнува секојдневните активности, кои гледаме да ги сведеме на минимум. На дневно ниво го правиме само тоа што е приоритетно и неопходно, а сѐ што можеме да одложиме, го оставаме за подоцна кога ќе залади малку.

Пеглањето е една од тие активности, кои повеќето жени не сакаат да ги прават ни кога временските услови се подносливи, а не, пак, сега, кога надвор е 40 степени.

Вклучувањето на пеглата дополнително ќе ја загрее просторијата, па сите бараат поедноставни начини да ја испеглаат гардеробата.

Добрата вест е што постои едноставен трик со кој облеката ќе ви изгледа испеглано и уредно

Овој едноставен трик може да биде корисен постојано, но особено во текот на летото кога сакаме да заштедиме време, да одбегнеме дополнително загревање на домот и потење.

Иако не може целосно да ја замени пеглата кај многу згужвана облека, може да биде практично решение за брзо освежување на гардеробата.

Сѐ што ви треба е малку вода и омекнувач за алишта. Во шишенце со распрскувач измешајте 200 мл вода и 10 мл омекнувач за алишта. Протресете, па внимателно нанесете на згужваната облека.

Откако ткаенината ќе стане малку влажна, нежно израмнете ги наборите со раце и оставете го парчето облека да се исуши неколку минути.

Како што материјалот ќе се суши, наборите постепено ќе исчезнуваат, а облеката ќе добие поуреден изглед.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе