Домот секогаш ќе ви мириса на свежо и чисто: Трик на една мајка што го воодушеви светот! (ВИДЕО)

Делотворен и без хемикалии

Брзиот трик на една мајка целосно го полуди Интернетот

Една мајка од Австралија откри едноставен трик што го користи за нејзиниот дом да мириса на луксузна продавница. Шантел Мила објавила видео на ТикТок и објаснила како направила освежувач за воздух што се состои од резанки лимон, рузмарин и есенција од ванила.

Освежувачкиот мирис е изненадувачки лесно да се направи и вклучува две шолји вода во кои се додаваат три состојки.

Во водата се става еден исечкан лимон, 4 гранчиња рузмарин, како и лажиче есенција од ванила.

„Дозволете да врие за да го исполните вашиот дом со мирисот“, напишала Шантел.

„Не заборавајте да долевате вода во текот на денот“, потсетила.

Овој трик е алтернатива за скапите купечки свеќи или миризливи стапчиња.

@mama_mila_ The DIY signature scent that will become your favourite 🍂 #hometips #homefragrance ♬ You Stepped Out Of A Dream – Nat King Cole

Другите корисници на ТикТок биле воодушевени од трикот, а една жена го поставила прашањето како треба да се искористат остатоците.

„Дестилирана вода е одличен спреј, или со 50/50 бел оцет и вода, можете да направите повеќенаменско средство за чистење“, рекла Шантел.

Исто така, открила дека мирисот трае до три цели дена, додека спрејот ќе трае неколку месеци.

Дали знаете како да направите природен освежувач за домот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.