Доктор открива како правилно се чуваат дома платнените заштитни маски!

Чувајте го здравјето!

Фото: Getty Images

Инфектолог советува како да ги чувате платнените заштитни маски во својот дом

Како што коронавирусот оваа година го парализира светот, така заштитните маски станаа составен дел од нашиот живот.

Со оглед на тоа што не ги напуштаме домовите без овие превентивни мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19, заштитните маски станаа и вистински моден детаљ. Многу луѓе поради подолгорочната употреба се одлучуваат за платнени маски.

Но дали знаете како правилно да ги чувате дома?

Чувајте ги на чисто и на суво место

„Тоа може да биде во посебна комода, во проѕирен сад или во кесички. Држете ги што подалеку од преостанатите предмети што често ги допирате со потенцијално нечисти раце“, рекол доктор Питер Чин-Хонг, инфектолог и професор по медицина на Калифорнискиот Универзитет во Сан Франциско и додал:

„На пример, не ги чувајте во комодата со долна облека или кујнски крпи. Не е потребно да обезбедите апсолутна стерилност, важно е само да не го допирате често местото на коешто ги чувате маските.“

Без разлика каде ќе одлучите да ги чувате, внимавајте своите чисти маски да не ги мешате со нечистите.

Внимавајте и да не ги мешате со туѓи маски

„Фокусирани сме на ковид-19, но постојат уште 300 други вируси кои предизвикуваат настинка и слични проблеми. Ако секој член на домаќинството има чисти маски, тоа го намалува ризикот од пренос на вирусот“, рекол Чин-Хонг.

„Алтернативно, можете да ги чувате на едно место, но тогаш само еден член на домаќинството би требало да биде задолжен за дистрибуција со задолжително миење раце пред допирање на маските“, рекол Чин-Хонг.

Аманда Кастел, професорка по епидемиологија на Универзитет Џорџ Вашингтон се согласува дека чувањето на сите заштитни маски на едно место е во ред. Меѓутоа, таа не препорачува делење на маските со другите членови на домаќинството.

Носете ја маската во кесичка кога ќе излезете од дома

Никако не смеете да ја ставите заштитната маска директно во чанта, џеб или ранец, бидејќи така може да се навлажни или да дојде во контакт со контаминирани предмети.

Наместо тоа, со чисти раце треба да ја ставите маската во чиста кесичка и потоа да ја ставите во чанта. Кога ќе ја извлекувате маската за да ја ставите, секогаш држете ја за врвките. Одбегнувајте да го допирате внатрешниот дел на маската што го допира вашето лице.

Перете ги често

Некои експерти велат дека маската од ткаенина можете да ја носите повеќе пати во текот на денот, додека стане влажна или се извалка. Други, пак, веруваат дека треба да ја перете веднаш по едно носење.

„Перењето во машина за алишта или рачно во топла вода е сосема во ред. Сушете ги директно на сончева светлина или на висока температура. Ако платнената маска ја перете рачно, внимавајте пет минути да ја потопите во течност за избелување, а потоа исперете ја со вода“, рекол докторот.

И тие штитат: Еве како правилно да ја исперете платнената маска!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.