Денес славиме Свети Никола: Ова се старите обичаи што некогаш се почитувале, а денес многумина не ги ни знаат

Народни верувања

Издвоивме стари обичаи за Свети Никола што некогаш сите ги почитувале, особено оние на коишто им е крсна слава

Православните верници на 19 декември слават Свети Никола, слава што ја обележуваат најголем број македонски семејства. Ова е слава со најдолга традиција кај нашиот народ, па така логично е што се развиле толку многу обичаи поврзани со овој празник.

Свети Никола за време на својот живот ги подучувал луѓето, ги лекувал, им давал на сиромашните. Многумина не знаат, но тој им станал заштитник на морнарите, затоа што своето богатство го користел за откуп на заробеници. Киднапирањето морнари во четвртиот век, кога живеел овој светец, било честа појава. Според преданието, Никола спасил многумина така што им нудел голема сума на пари на киднаперите како откуп.

Обичаи што треба да се почитуваат на Свети Никола:

Не се вршат домашни обврски

Свети Никола во календарот на македонската православна црква е обележан со црвени букви и затоа постои верување дека не треба да се вршат никакви домашни обврски, да се чисти, пере или средува.

Се даруваат децата

Со оглед на тоа што Свети Никола е познат и како заштитник на децата, од дамнешни времиња постоел обичај на денот кога се слави овој светец да се даруваат децата со ореви, јаболка и благо. Во текот на ноќта, додека децата спијат, се верувало дека Свети Никола им оставал дарови во чевлите или покрај прозорецот. Децата специјално за тој ден ги чистеле чевлите и ги ставале близу креветот за да им се израдуваат на даровите рано наутро.

Се сади божиќно жито

Божиќното жито, симбол на плодна претстојна година, нов живот и голем успех, се сади на овој празник за да порасне доволно до Божиќ.

Морнарите пукаат со топови

На овој празник, каде и да се најдат, морнарите ги спуштаат сидрата. Ги сопираат бродовите за да му се помолат на светецот и потоа продолжуваат со патот. Ги подготвуваат топовите за пукање, оддавајќи му така почест на својот заштитник.

Се прават шарени колачи во форма на птица

Во некои краишта, на овој ден традиционално се приготвуваат шарени колачи со форма на птица. Заедно со погачата и виното се носат во црква на осветување со молитва и вино. Потоа, со нив се послужуваат гостите, а најпрво, децата.

Се слави посна слава

Славата Свети Никола се паѓа за време на големиот божиќен пост. Традиција е да се приготвуваат посни јадења.

Им се опростуваат долговите на другите

Во Византија за Свети Никола било обичај на тој ден да се амнестираат затворениците. Кај народот постои верување дека за оној што денес ќе му го опрости долгот некому, наредната година ќе биде богата и плодна. Постои верување и дека денес не треба никого да го потсетувате за долговите, ниту дополнително да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

На овој ден треба да им однесете подароци на оние што слават Свети Никола. Меѓутоа, и домаќините не смеат да ги остават гостите со празни раце, туку задолжително треба да им дадат дарови пред да ги испратат дома.

Сите ја прават истата грешка кога честитаат слава: Еве како треба да ги поздравите домаќините според старите верски обичаи
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.